Лилард со 71 поен го наполни кошот на Хјустон (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Портланд трејл блезјерс славеше со 131-114 против Хјустон рокетс, а неверојатна ноќ имаше Демијан Лилард кој постигна 71 поен.

Лилард стана осмиот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој постигнал над 70 поени, а исто така го надмина неговиот претходен личен рекорд од 61 поен.

Искусниот кошаркар го заврши мечот со 13 тројки, а рекордер е Клеј Томпсон со 14 постигнати тројки.

Лос Анџелес Лејкерс славеше во големото дерби против Далас маверикс со 111-108, откако се врати од -27 благодарение на Ентони Дејвис и Леброн Џејмс.