Лингард заминува од Манчестер, но останува во Премиерлигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џеси Лингард ќе го напушти Манчестер јунајтед и наскоро ќе се пресели во екипата на Вест хем, барем така пишуваат англиските медиуми.

Агентот на Лингард бил во напредни преговори со Вест хем и наводно треба да се договорат уште некои детали пред да замине фудбалерот во екипата.

Лингард има договор со Јунајтед до јуни, па затоа „ѓаволите“ му ја отворија вратата да замине уште во јануарскиот преоден рок.

Засега не се познати никакви детали од преговорите, но сигурно Лингард ќе го напушти „Олд Трафорд“.