Лионел Меси повторно се запиша во историјата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси од натпревар во натпревар ги поместува границите во светскиот фудбал, а тоа го направи и во победата на Барселона против Атлетико Мадрид (2-0) во шпанската Ла Лига.

Одличниот Аргентинец стана фудбалер со најмногу победи во историјата на фудбалот. Тој со триумфот против Атлетико стигна до бројката од 335 во Ла Лига. Досегашниот рекордер беше Икер Касилјас со 334 победи.

Меси успеа да го престигне и најголемиот ривал, Кристијано Роналдо, па сега е водечки на листата со најдобри стрелци на сите времиња во топ-5 лигите.

Фудбалерот на Барселона синоќа го постигна 415 гол во лигата, додека Роналдо во дресовите на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус има постигнато еден гол помалку.