Листата на Анчелоти – Французин, Англичанец и Словак на врвот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти составува тим за следната сезона во Баерн Минхен, прв на листата е млад француски дефанзивец.

Рафаел Варан, фудбалерот со кој соработуваше во Реал Мадрид се до минатата година е на врвот на листата на желби на Баерн Минхен.

Анчелоти сака по секоја цена нов дефанзивец бидејќи Мехди Бенатиа дефинитивно заминува. Последната линија е засилена со Хумелс, но Анчелоти сака уште еден првокласен дефанзивец како Варан.

Не е ова крајот на листата на Анчелоти кој доведе двајца фудбалери во летниот преоден рок. Заедно со Хумелс стигна и Ренато Санчез, а Анчелоти сака да доведе уште еден фудбалер за врска.

Се споменува Ерик Даер од Тотенхем, англиските медиуми за тоа соопштија пред неколку дена, а се споменува и Марек Хамшик, фудбалерот на Наполи и репрезентативец на Словачка.