Ливаковиќ одбрани три пенали и ја однесе Хрватска во четвртфинале (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватска се пласира во четвртфинале на Светското првенство (СП) во Катар по победата над Јапонија на пенали, откако резултатот во регуларните 90 минути беше 1-1.

Јапонија прва постигна гол, и тоа во 43. минута преку Маеда, додека на 1-1 израмни Перишиќ со одличен удар со глава.

Двете екипи имаа уште неколку шанси, но никој не сакаше премногу да ризикува во регуларните 90 минути, па и во продолженијата, а победникот беше решен на пенали.

Дури три одбрани запиша голманот Доминик Ливаковиќ, додека прецизни од белата точка за Хрватска беа Влашиќ, Брозовиќ и Пашалиќ.