Ливерани не е повеќе тренер на Парма!


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Фабио Ливерани го напушти кормилото на Парма и повеќе нема да го предводи тимот. Италијанските медиуми го најавија тоа уште вчера, а денеска пристигна потврдата.

Клубот соопшти дека Парма се раздели со Ливерани и му посака успех во иднина.

„Парма официјално објавува дека Фабио Ливерани повеќе не е тренер на нашиот прв тим. Му се заблагодаруваме на него и на целиот стручен штаб за досегашната работа. Им посакуваме многу среќа во понатамошната кариера“, соопштија од тимот.