Ливерпул без грешка маршира кон 19. титула во Англија


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Ливерпул славеше очекувана победа на домашен терен против тимот на Шефилд Јунајтед.

Избраниците на Јирген Клоп со 2:0 го совладаа досегашното пријатно изненадување во Премиер лигата и ја продолжиај перфектната серија без пораз.

Творци на победата на „црвените“ беа Мохамед Салах и Садио Мане кои постигнаа по еден гол во двете полувремиња. Салах погоди во 4. минута, а Мане во 64. минута за победа на лидерот и веројатно новиот шампион во Премиер лигата.