Ливерпул брка четири неверојатни рекорди до крајот на сезоната


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Без оглед на тоа што Ливерпул синоќа ја освои англиската титула, „црвените“ ќе имаат мотив да играат помотивирано до крајот на сезоната затоа што имаат можност да рушат неколку рекорди.

Поточно, тие имаат можност да срушат четири рекорди, како што следува: Прво, тие го „бркаат“ рекордот на Манчестер Сити, кој ја освои титулата во сезоната 2017/18 со 19 бодови повеќе од второпласираниот тим. Во моментов Ливерпул има предност од 23 поени и доколку го задржат до крајот или барем останат на 20+, тогаш ќе го срушат првиот рекорд.

Понатаму, на тимот предводен од клупата на Јирген Клоп му требаат уште пет победи за да постави рекорд со број на максимални победи во сезоната. Црвените во моментов имаат 28 триумфи, а исто така го „бркаат“ Сити, кој пред две години имаше 32 победи.

Друг рекорд поставен од Сити е оној по бројот на освоени бодови. Граѓаните ја завршија сезоната со 100 поени пред две години, а екипата на Ливерпул, во случај на сите седум победи до крајот, може да оди на дури 107 поени.

И, конечно, „црвените“ можат да срушат уште еден неверојатен рекорд по бројот на победи на домашен терен. Засега имаат максимален ефект и доколку победат до крајот, ќе имаат рекордни 19 триумфи од 19 натпревари. Досега, три клуба успеаја да остварат 18 домашни триумфи низ историјата. Ливерпул ќе игра против Астон Вила, Барнли и Челси на домашен терен до крајот на сезоната.