Ливерпул е близу да донесе засилување од Баерн!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул ја слави долгоочекуваната титула на англискиот шампион. Сепак, време е Црвените да се свртат кон иднината.

Јирген Клоп најави дека нема да има големи промено ова лето, но Ливерпул сепак треба да размисли за „длабочината“ на тимот.

Црвените наводно лоцирале една од главните цели во летниот преоден рок. Тоа е играчот од средниот ред на Баерн, Тијаго Алкантара.

Шпански Спорт пишува дека Ливерпул не само што го лоцирал посакуваниот играч, туку дека е многу близу до реализацијата на трансферот истиот.

Во моментов се шпекулира дека Ливерпул би можел да издвои околу 35 милиони евра за 29-годишниот играч од средниот ред, што не изгледа како претерана сума за искусен и докажан играч. Исто така, се наведува дека Јирген Клоп е долгогодишен фан на ликот и делото на Тијаго Алкантара – кој му го привлече вниманието додека тој сè уште работеше во Бундеслигата.

Патем, договорот на Тијаго со Баерн важи до следното лето.

Тијаго Алкантара пристигна во Баерн од Барселона пред седум години, а од тогаш има одиграно 230 натпревари за баварскиот гигант, постигна 31 гол и забележа 37 асистенции.