Ливерпул е најголемиот губитник со заминувањето на Кутињо во Баерн


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо денес беше официјално претставен како нов играч на Баерн.

Кутињо пристигна во Баерн од Барселона на едногодишна позајмица, а германскиот клуб ќе има шанса да го купи следното лето за 120 милиони евра. Бразилецот беше претставен денес во Минхен, а го облече дресот со број десет.

Тој се најде повторно на удар на навивачите на Барселона незадоволни од тоа што го покажа во дресот на каталонскиот клуб. Кутињо пристигна во Барса на почетокот на 2018 година и стана најскапиот играч во историјата на клубот бидејќи му беа исплатени 145 милиони евра и плус бонуси.

Кутињо уште од самиот почеток беше под голем притисок и не успеа да се справи. Тој реши да ја прифати понудата на Баерн и изјави дека е среќен што пристигна во германскиот клуб.

Но, овој трансфер сигурно нема да се радува Ливерпул, кој веројатно ќе остане без голем бонус. Имено, Барса требаше да плати дополнителни 25 милиони евра бонуси за настапите на Кутињо, но тоа очигледно нема да се случи.

Барселона е должна да плати 20 милиони евра на Ливерпул кога Кутињо ќе оствари 100 настапи во дресот на клубот и дополнителни 5 милиони евра доколку ја освојат Лигата на шампионите.

Сепак, нема да има ниту еден од овие бонуси оваа сезона и единствена надеж за „црвените“ е дека Баерн нема да го откупи неговиот договор следното лето и дека Кутињо повторно ќе се врати во дресот на Барселона.