Ливерпул го растури Порто на „Драгао“ и се чекираше во полуфиналето од Лигата на шампионите (Видео)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул одигра уште еден маестрален натпревар на кој со високи 4:1 славеше на гостувањето на „Драгао“ кај екипата на Порто.

Садио Мане го отвори резултатот уште во 26. минута и веќе тогаш беше јасно дека Порто нема што да бара на овој натпревар.

За вториот гол се чекаше до 65. минута кога мрежата на Касилјас ја затресе Мохамед Салах. Надежта за Порто дека ќе извлече позитивен резултат на овој натпревар ја врати Едер Милитао во 69. минута, но тоа беше се од домашниот тим.

Ливерпул до крајот постигна уште два погодоци преку Роберто Фирмино и Вирџил Ван Дијк за поставување на конечниот резултат.

Во полуфиналето Ливерпул ќе налета на џелатот на Манчестер Јунајтед, екипата на Барслеона, па сосема сигурно ќе гледаме епска пресметка на последната пречка до финалето во Лигата на шампионите.