Ливерпул го сака Алонсо за тренер по секоја цена!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигашот Ливерпул на крајот на сезоната ќе се раздели со Јирген Клоп, откако Германецот најави дека сака да земе одмор, а како нов тренер на тимот од „Енфилд“ се споменува Чаби Алонсо.

Алонсо има одлични резултати со Баер Леверкузен оваа сезона и се наоѓа на добар пат да ја освои Бундеслигата.

Ливерпул веќе почнал преговори со Леверкузен за Алонсо, кој во минатото го носеше дресот на премиерлигашот и како фудбалер.

„Црвените“, сепак, ќе имаат голема конкуренција затоа што интерес за услугите на Алонсо покажа и Баерн Минхен кој реши да се раздели со тренерот Томас Тухел на крајот на сезоната.