Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Ливерпул славеше против Челси во неверојатно возбудливиот натпревар на „Енфилд“.
„Црвените“ стигнаа до победата со головит ена Садио Мане и Мохамед Салахкои беа постигнати во период од само две минути во второто полувреме.
Ова е петта победа по ред за Ливерпул кој се врати на првата позиција на табелата во Премиер лигата. Избраниците на Клоп имаат еден натпревар помалку од Манчестер Сити кој заостанува два бода зад Ливерпул.
На четири кола до крајот на првенството јасно е дека ќе гледаме неверојатно возбудлива завршница по која ќе се одлучи новиот шампион на Англија.