Ливерпул решил: Фудбалерите не се поголеми од клубот, па затоа Салах мора да си оди!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул има шанса сезонава да ги освои сите трофеи. Тимот на Јирген Клоп го освои Лига Купот, а во моментов води тешка трка со Манчестер сити за титула во Премиерлигата, а игра и во четвртфинале на Лига на шампиони (ЛШ) и ФА-купот.

Навивачите на „Енфилд“ уживаат во резултатите на тимот, а најдобри во екипата засега се Мохамед Салах и Садио Мане. Сепак, Египќанецот почна да прави проблеми и не сака да потпише нов договор.

Клубот уште не го продолжил договорот со Салах. Египќанецот има договор со Ливерпул до 2023 година, но најверојатно нема да го продолжи.

„Сакам да останам, но ситуацијата се промени, сè е во раце на клубот. Тие знаат што сакам“, кажа Салах, а токму оваа изјава ќе го „избрка“ од „Енфилд“.

Ливерпул ги знае условите на Салах, но нема да му ги исполни бидејќи Египќанецот бара 400.000 фунти, наместо 200.000.