Ливерпул се вклучи во трката за трансфер желбата на ПСЖ и Арсенал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ле10Спорт“ пренесува дека од таборот на Ливерпул се вклучиле во трката по потписот на фудбалерот на Лил, Николас Пепе.

Крилниот фудбалер веќе подолг период се поврзува со ПСЖ, Арсенал и Баерн Минхен, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и тимот на Ливерпул.

Ливерпул се согласил да ја плати сумата од 70 милиони фунти за да ги обезбеди услугите на Николас Пепе.

Некои медиуми пишуваат дека од Ливерпул планирале да го вметнат во трансферот и некогашниот фудбалер на Лил, Дивок Ориги.