Ливерпул со два гола го реши Виљареал во првиот меч од полуфиналето во ЛШ (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ливерпул славеше со 2-0 во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) против Виљареал и така направи чекор кон финале во елитата.

Виљареал успешно се бранеше во првото полувреме, иако фудбалерите на Ливерпул неколку пати ја погодија рамката од голот.

Ливерпул во вториот дел го скрши отпорот на ривалот, па така во 53. минута постигна гол за 1-0, а само неколку минути подоцна Сане стрелаше за 2-0.

До крајот на мечот мируваа мрежите, па така премиерлигашот запиша сигурна победа пред реваншот во Шпанија.