Ливерпул со убедлива победа над Тотнем ја обезбеди титулата во Премиерлигата


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Ливерпул, еден од грандовите на англискиот фудбал, на убедлив начин демонстрираше зошто е водечки во Премиерлигата, совладувајќи го Тотнем со 5-1 во 34. коло. Со оваа значајна победа, „црвените“ четири кола пред крајот на сезоната се крунисаа како шампиони.

Тотнем беше прв што се израдува, благодарение на голот од Соланке во 12. минута, но тоа беше само поттик за Ливерпул. Следеше бурен период, кога Ливерпул постигна три гола за помалку од 20 минути. Стрелци беа Луис Диаз, Алексис Мекалистер и Коди Гакпо, и така ја завршија првата половина од натпреварот со водство од 3-1.

Во второто полувреме, Мохамед Салах рано ја зголеми разликата, а автоголот на Удоги во 69. минута дополнително ја отежна состојбата за тимот од Лондон.

Фото: Принтскрин