Ливерпул во Каталонија пронајде стопер за следната сезона

Ливерпул речиси сигурно ќе остане без услугите на хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен кој ќе си оди од клубот по крајот на сезоната.

Јирген Клоп е во постојана потрага по нов централен бек, а се чини дека истот го нашол во Шпанија, во таборот на Еспањол.

Наводно, Ливерпул е заинтересиран за фудбалерот на Еспањол, Леонардо Кабрера кој од оваа сезона е член на клубот од Каталонија.

Претходно Кабрера има настапи и за Хетафе, а потекнува од школата на Атлетико Мадрид каде не доби вистинска прилика да се докаже.