Лопетеги беснеел во тунелот, го одвојувале од судиите..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Севилја, Жулен Лопетеги направил вистински хаос во тунелот по крајот на натпреварот со Реал Мадрид.

Севилја претрпе пораз од 2:1, а во првиот дел на гостинскиот тим му беше поништен погодок кој го постигна Де Јонг.

Токму затоа на полувремето Лопетеги сиот бес го истурил врз главниот судија Хуан Мартинез Мунер. Тренерот на Севилја наводно му викал на Мунез дека тоа што го сторил е срам за фудбалот, а поголема ескалација на настанот спречил спортскиот директор на Севилја, Мончи.