Лоши вести за Анчелоти пред новите предизвици во Ла Лига


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти доби лоши вести пред натпреварот против Елче во Ла Лига бидејќи нема да може да смета на неговиот голман Тибо Куртоа.

Куртоа веќе некое време е надвор од составот на „кралевите“, кои нема да може да сметаат на него ниту вечерва на гостувањето кај Елче.

Белгискиот чувар на мрежата неодамна се врати на тренинзи на екипата, но сè уште не е доволно подготвен за игра и ќе пропушти веќе шести натпревар по ред.

Прв голман на шпанскиот и европски шампион ќе биде Андриј Лунин, кој бранеше добро во отсуство на Куртоа во претходниот период.