Лотито доби суспензија од седум месеци, а Лацио ќе плати казна од 150.000 евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лацио нема да загуби бодови, но нивниот претседател Клаудио Лотито ќе добие суспензија на седум месеци зашто ги прекршил ковид-протоколите.

Обвинителството почна постапка против Лацио откако беа откриени малверзации со тестовите за ковид-19 во октомври минатата година.

Неколку играчи на римскиот клуб беа позитивни пред дуел од Лигата на шампионите, додека тестовите за Серија А им беа негативни и тоа предизвика сомнежи за малверзации околу тестирањето.

На крајот е започната постапка и исходот е суспензија на Лотито на седум месеци, додека клубот ќе плати казна од 150.000 евра.