Ловрен: Бразил е фаворит, но за нас тоа не е проблем


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Искусниот хрватски репрезентативец Дејан Ловрен кажа дека Бразил е фаворит во натпреварот кој се игра в петок, но тоа не е проблем за „коцкестите“.

Ловрен кажа дека „кариоките“ имаат голем број квалитетни фудбалери кои може да ја променат играта во секој момент.

„Бразил дефинитивно е фаворит. Имаат два тима кои во секој момент може да ја променат играта. Тие се фаворити, но ние немаме проблем со тоа“, кажа Ловрен.

Хрватска го игра мечот против Бразил в петок од 16 часот.