ЛШ во нов формат: Ќе биде слична на НБА, ќе се воведат дивизии и ќе има повеќе од 100 меча во сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во понеделник треба да биде донесена одлука за целосен нов начин на одржување на Лигата на шампиони (ЛШ).

Според предлогот, од сезоната 2024/25 повеќе не треба да има натпреварувања во групи, како што беше сега, кога 32 екипи се распоредени во групи со по четири тима, туку да постои една лига со 36 клубови.

Ако се прифати овој предлог, сите учесници во новиот формат на ЛШ во ждрепката ќе бидат поделени по дивизии.

На пример, најсилните тимови од Европа ќе играат два меча против ривалите од најсилните дивизии, како и три против противниците од вториот шешир, па од третиот, додека од четвртиот ќе се играат два меча.

Кога ќе се одиграат 10 кола, осум најдобри тимови ќе се пласираат во осминафиналето, а тимовите кои се од деветто до 24 место ќе разигруваат во бараж кој да продолжи во нокаут-фазата, а кој ќе испадне од ЛШ.