Љубовта кон фудбалот нема граници: Се качиле на дрво за да гледаат меч од Бундеслигата (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересна сцена се случила на мечот од 26. коло во германската Бундеслига меѓу Унион Берлин и Баерн Минхен.

Двајца навивачи се обиделе да се качат на 12 метри високо дрво и на таков начин да го гледаат натпреварот, но тоа задоволство не траело долго.

Полицијата набрзо ги забележала и интервенирала, па навивачите набрзо биле отстранети од просторот околу стадионот, а нема дилема дека добиле и парична казна

На навивачите за жал поради коронавирусот не им е дозволено да ги следат натпреварите во Бундеслигата, но тоа што е важно е дека фудбалот повторно е во акција и шампионот ќе биде решен на зелените терени.

Иако средбите со гледачи и без нив не се исти, сепак тие се подготвени да почекаат на некои подобри времиња.