Лучијано Спалети удри по Икарди: Тој не е играч кој прави разлика како Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Интер вчера забележа пораз во дербито на колото во Серија А против Лацио. Веднаш по натпреварот беа упатени јавни критики до Лучијано Спалети кој не го вметна Мауро Икарди во составот за овој натпревар иако Аргентинецот е подготвен за игра.

Сепак, во интервју за „Скај Италија“, стратегот на Интер не штедеше зборови во своја одбрана и буквално го нападна фудбалерот кој го минува најтурбулентниот период од својата кариера.

– Денес единствен избор за Икарди беше да остане надвор од теренот затоа што другите имаат повеќе право од него да ги играат натпреварите. Тоа е така поради начинот на кој се однесуваат. Потребен ни е кредибилитет во овој момент и токму затоа правилно е другите да играат пред него.

– Луѓето влеат дека сме губеле многу натпревари без Икарди, но тимот не се пласираше во Лигата на шампионите неколку години кога Икарди беше стандарден. Интер загубил многу полоши натпревари од овој со Лацио со Икарди во составот. Само неколку играчи може да направат разлика на теренот, Меси е еден од нив, Икарди не е. Дисцилината е вистинска сила на тимот. Сум оставал играчи на клупата или на трибините за многу помала работа од оваа, во оваа професија мора да си кредибилен. Да ги прашаме фановите на Интер, да видиме дали тие се задоволни што играчот преговара за да повторно да го облече дресот на Интер, -коментираше луто Лучијано Спалети.