Луда сцена на ЕП: Кјелини му удираше шлаканици на Алба пред пеналите 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италија се пласираше во финале на Европското првенство (ЕП) откако на „Вембли“ триумфираа со 4-2 на пенали и сега ќе се борат за трофејот во натпреварувањето.

Тоа што привлече големо внимание пред изведување на пеналите е сцената во која Џорџо Кјелини му удираше шлаканици на капитенот на Шпанија, Жорди Алба.

Капитенот на „аѕурите“ беше ептен расположен, а дел од своето расположение сакаше да го пренесен и на Алба, и тоа на интересен начин.

Кјелини не беше воопштонежен кон својот ривал, а на Алба не му беше сеедно. Сепак, ваквиот однос на капитенот на Италија им беше смешен и на судиите на мечот.

Дефинитивно ова е една од најлудите сцени на ЕП.