Луда теорија: Ѓоковиќ доминирал зашто не примил вакцина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ниту со одличните резултати не им ја затвори устата на критичарите, а најнова која го нападна е поранешната тенисерка Рене Стабс.

Стабс го нападна Ѓоковиќ зашто не се вакцинирал за време на пандемијата, а сега смета дека тоа е причината за неговите резултати.

„Тенисери како Каспер Руд мора подобро да го испланираат својот распоред. А, токму тоа е причината поради која Новак доминира во последните години“, вели Стабс за одлуката на Србинот.

Американката смета дека за време на пандемијата Ѓоковиќ пропуштил три од четири гренслемови и тоа му ја продолжило кариерата.