Лудило во соблекувалната на Дерби: Лампард урнебесно ја прослави победата против Лидс (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа беше одигран реваншот од плејофот за пласман во финале на Чемпионшип-лигата, преку кое тимот што ќе слави – ќе обезбеди пласман во Премиерлигата.

Беа забележани шест гола, 11 жолти картони, два црвени картони и еден пенал на мечот меѓу Лидс и Дерби.

На крајот подобар беше тимот на Френк Лампард, кој по поразот во првиот меч (0-1) успеа да се врати и да слави со 4-2.

Лампард уште еднаш покажа дека по успешната кариера како фудбалер, го очекува добра тренрска кариера, а овој голем успех знаеше да го прослави со своите фудбалери.

Соблекувалната на Дерби ечеше од популарната песна меѓу навивачите „Престани да плачеш , Френк Лампард“.