Луис Фиго се јави поради аферата поврзана со Барселона и Меси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси е во центар на внимание на шпанската јавност поради деталите од неговиот договор, кои беа објавени во медиумите.

Меси го продолжил договорот со Барселона во 2017 година и потпишал соработка до 2021 година. „Ел Мундо“ објави дека во тој период Аргентинецот треба да заработи неверојатни 555 милиони евра.

Шпанските медиуми пишуваат дека Меси добивал по 138 милиони евра годишно, а тоа е навистина неверојатна сума.

Деталите од договорот привлекоа големо внимание, а се јави и поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид, Луис Фиго.

„Застапниците на Меси заслужуваат статуа. Овој одбор на Барселона може да се спореди само со тој на Гаспар“, порача Фиго.