Луис Суарез им се закани на челниците на Барселона што ќе направи доколку не го раскинат неговиот договор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез сака да ја напушти Барселона и да ја продолжи кариерата во дресот на Атлетико Мадрид.

Роналд Куман пред неколку недели на Суарез му рече дека не смета на него и дека може да си оди, што беше големо изненадување за сите. Уругваецот се поврзуваше со Јувентус, но ништо од тоа не се случи бидејќи тој сè уште не го раскина договорот со Барселона.

Овој искусен напаѓач има уште една година договор што сака да го раскине за да најде друг клуб без обештетување. Како и да е, на Барселона навистина не и се допаѓа и очигледно е дека сакаат да заработат барем нешто.

Шпанските медиуми вчера објавија дека Суарез договорил сè со Атлетико Мадрид да дојде наместо Алваро Мората кој замина во Јуве. Сепак, Барселона сега го попречува овој трансфер.

Каталонците не сакаат да го ослободат Суарез без обештетување, па затоа рекоа дека е лудо да се ослободи таков играч бесплатно на директен ривал. Овој потег го налути Суарез, кој дури им се закани и на челниците на клубот.

„Мундо Депортиво“ утрово пишува дека Суарез му се јавил на Хосеп Бартомеу и му рекол дека ќе одржи прес-конференција на која ќе каже сè доколку клубот не се согласи на раскинување на соработката. Каква „нечистотија“ сака да открие Суарез и како го уценува клубот, сè уште не е познато.