Луис Суарез крена вознемирувачка прашина во таборот на Барселона: Нов договор во исклучително нови услови…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругвајскиот фудбалер, Луис Суарез веќе неколку сезони важи за еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Суарез пристигна летото 2014. година во Барселона и тоа се покажа како добар потег на челниците на каталонскиот клуб. Уругвајецот со своите погодоци ја воодушеви јавноста, а Леос Меси стана добар пријател.

Во последно време се шпекулира дека Барселона бара фудбалер кој ќе биде замена за Суарез, а тоа очигледно нему не му се допаѓа. Тој одлучи да разговара со клубот и да им постави јасен услов.

Имено, Мундо Депортиво пренесе дека Суарез бара од Барселона нов договор кој ќе му гарантира дека ќе остане во овој клуб и по летото 2021. година колку што му важи моменталниот договор.

Овој 32-годишен напаѓач сака да остане што е можно подолго во Барселона, а очигледно дека сака да биде тука се додека Меси игра. Не е исклучена ниту опцијата да ја заврши кариерата во Барселона доколку тоа му се овозможи.

Тој во досегашниот дел од сезоната во сите натпреварувања постигна 23 погодоци и запиша 11 асистенции.