Луис Суарез нов играч на Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што се пишуваше претходните денови, тоа доби потврда доцна синоќа и Барселона потврди дека 33-годишниот Уругваец е продаден на ривалот од Мадрид.

Последното обраќање Суарез ќе го има на „Камп Ноу“ денес, а потоа ќе се упати кон Мадрид, каде ќе им се придружи на своите нови соиграчи.

Барселона се прости од најдобрите моменти на Луис Суарез во тимот и му се заблагодари за сè.

Суарез играше за Барса во изминатите шест години и постигна 198 гола на 283 одиграни натпревари.