Лука Јовиќ потпишал документ поради кој ќе збесна пола Србија (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот фудбалер Лука Јовиќ е еден од тие кои беа критикувани од страна на јавноста поради непочитување на наредбите за самоизолација.

Јовиќ неодамна пристигна од Мадрид каде што требаше да биде во карантин, па откако стигна во Србија тој бил кај девојка му Софија и слободно се шетал низ град, иако морал 14 дена да биде изолиран.

Обвинителството во Белград поднесе кривична пријава против Србинот, а тој веднаш се правдаше дека имал дозвола од доктор да дојде во Србија.

Сепак, Јовиќ заборавил една важна работа, а тоа е дека потпишал документ според кој морал да биде 14 дена во карантин и тоа го прекршил.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера кажа дека ќе бидат преземени мерки и ќе биде уапсен фудбалерот доколку повторно ги прекрши наредбите.