Лукаку го нападна Ибрахимовиќ: Ќе ти пукам во глава!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер славеше против Милан во италијанскиот Куп со 2-1, а мечот го одблежа инцидентот помеѓу Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ.

Тие се скараа во казнениот простор по еден корнер, а Ибрахимовиќ почна да провоцира, по што Лукаку се изнервира и имаше што да му каже на својот ривал.

На социјалните мрежи беа објавени деталите од нивната караница, а Лукаку испратил сериозни закани кон Ибрахимовиќ.

„Сакаш да зборуваш за мојата мајка? Ќе ти пукам во глава“, му кажал Лукаку на Ибрахимовиќ.

Да потсетиме, Ибрахимовиќ беше исклучен во второто полувреме поради втор жолт картон.