Лукаку го понижи Ибрахимовиќ како никој друг досега! 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ривалството меѓу Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ е една од приказните кои ја одбележаа сезоната во Серија А во која Интер стана шампион по 11 години пауза.

Овие поранешни соиграчи од Манчестер јунајтед жестоко се скараа во дербито меѓу Интер и Милан во четвртфиналето на Купот, кога за малку и физички ќе се пресметаа.

Паднаа многу тешки зборови меѓу двајцата фудаблери, но сега завршниот удар го имаше беглискиот напаѓач, кој реши да го понижи Ибрахимовиќ како никој досега.

„Вистинскиот бог го крунисаше кралот. Сега поклони се“, напиша Лукаку.