Лукаку го врати Интер во борба за нокаут-фаза, Марсеј конечно победи во ЛШ! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интересна вечер во Лигата на шампионите е зад нас. Еден од натпреварите со најголемо значење вечерва го играа Борусија Менхегладбах и Интер. После победата на Шахтјор против Реал оваа група стана и најинтересна, а Интер се погрижи ништо да не се знае до последното коло. Тимот на Конте во Германија денес славеше со 2:3.

Преку Матео Дармијан „нероаѕурите“ дојдоа до водство во 17. минута од мечот. Борусија изедначи во финишот од првото полувреме преку Плеја. Во вториот дел Интер продолжи со добрата игра, па Лукаку во 64. минута го врати Интер во водство. Десет минути подоцна Белгиецот го постигна и својот втор гол за 1:3. Два гола постигна и Плеја кој ги постави конечните 2:3. Табелата во последното коло во групата Б сега изгледа вака: Борусија (М) – 8, Шахтјор – 7, Реал (М) – 7, Интер – 5. Значи се може да се случи во последното коло.

Атлетико Мадрид и Баерн Минхен ремизираа 1:1 во натпреварот кој немаше резултатско значење за Баерн затоа што го обезбедија пласманот во следната фаза. Жоао Феликс го доведе Атлетико во водство после половина час. Милер изедначи на четири минути до крајот со гол од пенал.

Ливерпул го победи Ајакс со 1:0 и им направи проблеми на Холанѓаните кои во последното коло во директен дуел со Аталанта ќе го решаваат патникот во следната фаза. Аталанта денес и покрај доминацијата одигра 1:1 против Мјитиланд.

Марсеј конечно после 13 порази во низа во Лигата на шампионите денес славеше против Олимпијакос (2:1). Порто и Манчестер Сити го одиграа единствениот натпревар вечерва на кој немаше голови.