Лукаку не ни помислува да се врати во Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку имаше неуспешна епизода во Челси, па реши да се врати во Интер, каде што игра на позајмица.

Лукаку жали затоа што потпиша за Челси, каде што се покажа како големо промашување, па сега вели дека е среќен и ужива во Милано.

Интер планира да ја продолжи позајмицата на уште една година без разлика на тоа колку голови ќе постигне Лукаку, но ќе мора да се договори со Челси за висината на отштетата.

Агентите на Лукаку веќе биле во контакт со премиерлигашот, па наскоро се чека конечна одлука од газдата Тод Боели, но постои голема можност Белгиецот да остане во Интер и повеќе да не се врати во Лондон.