Лукаку повторно во „аут“ – ќе го пропушти Мундијалот во Катар?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку конечно се врати во тимот на Интер за пресметката со Викторија Плзен, но сега повторно се повреди и ќе мора да паузира.

Лукаку сакаше да биде подготвен за Мундијалот во Катар, кој ќе почне за 20 дена, но новата повреда драстично му ги намалува шансите за настап на големиот турнир.

Напаѓачот на Интер доби шанса против Викторија Плзен и Сампдорија, но без разлика на малата минутажа тој повторно ќе мора да паузира.

Интер не открива многу детали во моментов и најави повеќе информации во следните денови, а италијанската екипа до почетокот на Светското првенство ќе треба да се соочи со Јувентус, Болоња и Аталанта.