Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Лукас Силва во претходните неколку дена помина низ вистинска драма во својата кариера.
Имено, овој фудбалер на Реал Мадрид својата кариера требаше да ја продолжи во Спортинг Хихон, но леркарските прегледи покажаа дека има проблеми со срцето поради што трансферот пропадна. Поради тоа Силва беше премногу разочаран и на Фејсбук најави крај на кариерата.
Сепак, тој сега повторно се огласи, но овој пат со многу подобри вести.
“После лекарските прегледи во Хихон морав да направам уште едни кои покажаа дека немам проблеми со срцето. Ништо нема да биде од доаѓањето во Хихон, а во Реал ќе морам да направам нови тестови. Најважно е што сега сум мирен и јасно кажувам дека нема да ја завршам кариерата”– изјави Силва.