Љуљ преку Твитер кажа што мисли за тепачката во Мадрид


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Кошаркарите на Партизан синоќа го совладаа Реал Мадрид со 95-80 и така поведоа со 2-0 во четвртфиналето на Евролигата.

На крајот на мечот се случи тепачка меѓу кошаркарите на двете екипи, а иницијатор беше Серхио Љуљ кој го удри Кевин Пантер.

Љуљ утрово преку Твитер кажа што мисли за тепачката и им се извини на навивачите и љубителите на кошарката.

„Тоа што се случи минатата ноќ, не треба никогаш да се случува на кошаркарските терени. Преземам одговорност што направив груб прекршок и предизвикав катастрофа. Се извинувам“, напиша Љуљ.