Марадона го навредуваа како никогаш досега, а тој тргна да се пресметува со сите околу него


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Диего Марадона не успеа да го одведе својот клуб Дорадос во најелитниот ранг на фудбалот во Мексико бидејќи неговиот клуб беше поразен во финалето на доигрувањето против Атлетико Сан Луис.

Во првиот натпревар Дорадос победи со 1-0, но во реваншот беа поразени со 4-1, па Атлетико избори пласман во најјакиот ранг.

Марадона после натпреварот не беше баш расположен, што се подразбира, бидејќи многу труд и енергија вложи во доигрувањата.

Сол на раната му ставија навивачи на противничкиот тим кој жестоко го навредуваа.

Секако Марадона не можеше да го трпи ова однесување па сакаше да се пресмета со навивачите на Атлетико. На нив тргна со тупаници без да бира дали е машко или женско Сепак, неговите телохранители брзо реагираа и го одведоа во ходникот.

https://www.youtube.com/watch?v=WHqtvdUUAW4