Мајк Тајсон предизвикан: Да им дадеме на луѓето она што сакаат да видат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мајк Тајсон и официјално е предизвикан.

Познатиот боксер започна да тренира да се врати во рингот, а откако се појави видеото од неговиот застрашувачки тренинг, веднаш доби бројни понуди за натпревари.

Меѓу оние кои официјално го предизвикаа Железниот Мајк е и неговиот славен ривал Евандер Холифилд (57), кој е подготвен да му даде шанса на Тајсон за реванш.

Холифилд го победи Тајсон двапати во својата кариера, а борбата во 1997. година кога Мајк го гризна дел од увото е особено запаметен.

Дури и 23 години подоцна, 57-годишниот Холифилд е подготвен да му даде нова шанса на големиот ривал и официјално потврди дека сака борба.

“Да, сакам да се борам со Мајк Тајсон. Подготвен сум. Се чувствувам добро за годините. Може да се справам со него. Треба да најдеме решение што не е чиста нокаут-борба. Не е важно кој ќе победи, туку да им покажеме на луѓето дека порано бевме најдобри борци во светот и дека заедно можеме да сториме нешто за другите.”, изјави Холифилд.

Поранешниот светски првак ги закачи ракавиците на возраст од 48 години, но тој исто така покажува дека сè уште има многу материјал во него, иако е девет години постар.

Тајсон, од друга страна, е навистина импресивен за 53-годишник и брзината на неговите раце е сè уште тука како во најдобрите денови.