Мајката на Лука Дончиќ ја превзеде наградата во име на својот син и соопшти лоши вести


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мајката на Лука Дончиќ, Мирјам Потербин соопшти нови информации за повредата на Лука на церемонијата за доделување награди за најдобрите словенски спортисти во 2019. година.

Лука се повреди во мечот против Мајами и, иако беше најавено дека ќе отсуствува само кратко, се чини дека на паркетот нема да се врати пред почетокот на 2020. година.

“Денес имаше нов преглед за зглобот, на кој се покажа дека се работи за потешко истегнување”, рекла Мирјам, мајката на Лука и додала дека се надева оти Лука ќе се врати на почетокот на новата година.

Лука е трет најдобар стрелец во НБА со 29,3 поени со 8,9 додавања и 9,6 скокови просечно по меч. Пред натпреварот со Мајами просечно бележеше по 30,4 поени, 9,4 додавања и 9,9 скокови.

Инаку, Лука не е избран за најдобар спортист во Словенија, а таа награда припадна на велосипедистот Примож Роглич и алпинистката Јања Гарнбрет.  Второто место го освоија Лука Дончиќ и алпската скијачка Илка Штухец, додека на трето место беа прогласени мотокросистот Тим Гајсер и кајакарката Ева Терцељ.