Мајсторијата на Кузмановски и Лазаревски во топ-5 од првиот ден на ЕП (Видео)

Македонија го почна Европското првенство (ЕП) со убедлив пораз од Франција, но дел од македонските репрезентативци се најдоа во изборот на најатрактивни потези на отворањето на турнирот.

Филип Кузмановски и Милан Лазаревски во завршницата од мечот против Франција имаа одлична акција и таа се најде во топ-5 во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).