Македонецот Ивановски избори осминафинале на Вимблдон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талентираниот македонски тенисер Калин Ивановски славеше против Едас Бутвилас со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 7-6 и обезбеди осминафинале на јуниорскиот Вимблдон.

Ивановски уште еднаш покажа дека станува збор за квалитетен тенисер и сигурно ќе изгради добра кариера доколку продолжи со вакви настапи на врвните турнири.

Македонскиот тенисер двапати во тај-брејкот беше подобар од ривалот од Литванија и заслужено славеше со 2-0 во сетови.