Македонецот Волкановски: Сакам борба со Конор Мекгрегор!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралискиот борец со македонско потекло, Александар Волкановски, кој е актуелен шампион во УФЦ во перо-лесна категорија, ќе се врати во рингот следниот месец, а веќе размислува и за иднината.

Волкановски сака да остане запаметен како еден од најдобрите во УФЦ, а за тоа ќе му бидат потребни шампионски трофеи во две категории, нешто што им успеа на Конор Мекгрегор и Хенри Сехудо.

„Сакам да останам во перо-лесна категорија, дури и да одам во потешка категорија. Не сакам да се искачам во лесна и таму да останам. Мојот сон е да бидам двоен шампион“, кажа Волкановски.

Волкановски ќе ја брани титулата на 9 април против Чан Сунг Јунг, а потоа се надева на трет дуел со Макс Холовеј, но и борба со контроверзниот Мекгрегор.