Македонија доби големо засилување за Лигата на Нации

Македонија ќе биде посилна во Лигата на нации, откако репрезентативецот Езгјан Алиоски се врати на теренот по паузата од еден месец.

Алиоски настапи против Јанг Бојс, а тоа значеше враќање на терените по подолга пауза, но и воедно добра вест за Македонија.

Репрезентативецот треба да биде дел од составот на Македонија на почетокот на Лигата на нации, каде што на стартот играме против Швајцарија.