Македонија блесна во Сосновиец и со триумф се враќа од Полска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските кошаркари остварија голема победа на гостувањето кај Полска со 96-71, а повторно на паркетот блескаше Ненад Димитријевиќ.

Полска имаше предност од 14-8 на почетокот на натпреварот, но Македонија со агресивна игра во одбраната ги спречи нападите на домаќинот, а потоа влезе во одлична серија и на полувремето замина со водство од 47-38.

Македонија го чуваше водството во текот на второто полувреме, а Полска не успеа да ја намали негативата и загуби со 71-96.

Димитријевиќ беше најефикасен со 32 поени, осум скокови и осум асистенции, додека Михалак постигна 20 поени и девет скокови за Полска.

Фото: КФМ