Македонија доживеа пад на ФИФА-листата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација одигра четири меча месецот во Лигата на нации, при што славеше двапати против Гибралтар, одигра реми против Бугарија и загуби од Грузија.

Македонија на најновата ранг-листа на ФИФА забележа пад од две позиции, па од денеска се наоѓа на 64. место со 1375,2 поени.

Бразил останува на врвот на листата, по што следи Белгија, а трета е Аргентина, која ја прескокна Франција.

Во топ-10 се уште и Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.