Македонија го „пензионираше“ Кјелини!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот италијански репрезентативец Џорџо Кјелини решил да се повлече од националниот тим по поразот од Македонија со 0-1 во Палермо во полуфиналето на баражот за пласман на Мундијалот.

Кјелини нема да игра на мечот против Турција, која загуби од Португалија во баражот, а се очекува последниот меч да го заигра во јуни против Аргентина, кога ќе се сретнат европскиот шампион и првакот на Јужна Америка.

Дефанзивецот на Јувентус одигра 115 меча за Италија и успеа да постигне осум голови, а беше дел и од освојување на многу трофеи.

Кјелини се очекува на крајот на сезоната да замине од Јувентус и како негова следна дестинација се споменува МЛС-лигата.